Сите корисници кои имаат SD ресивери можат БЕСПЛАТНО да ги заменат со нови HD ресивери

Преносливост на број

Услугата за преносливост на број му овозможува на корисникот да го задржи постоечкиот телефонски број при преминување на нашата мрежа. Со цел да им олесниме на нашите корисници, Ip Systems ја спроведува целата процедура без надомест и корисникот се што треба да направи е да пополни барање и да го достави во нашиот наплатен центар.

Цената на услугата од 236 ден. со вклучен ДДВ корисникот ја плаќа со последната сметка од операторот чија телефонска услуга ја користел до префрлувањето (T-Home, One итн).

Постапката е следна:

1.Корисникот пополнува барање во наплатниот центар на IP Systems со податоци идентични од сметката која ја добива од постоечкиот оператор. Единствен услов е да ги има подмирено сите обврски кон операторот чија услуга во моментот ја користи (Т-Home, One итн.) и да не биде раскинат договорот со тој оператор.
2. Додека трае оваа процедура, доколку сака, корисникот има можност да добие телефонска линија со привремен број на IP Systems.
3. Барањето се поднесува до операторот и постапката трае најмногу до 5 дена.
4. Корисникот се известува дали неговото барање е прифатено или одбиено.
5. Барањето може да биде одбиено во следните случаи:

- Неплатен долг
- Откажан договор, што автоматски значи дека корисникот го откажал и бројот кој го поседувал
- Погрешни податоци